
Оклахома по втор пат шампион на НБА
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.
Шеј Гилџеус-Александер беше предводник до успехот на својот тим со 29 поени и 12 асистенции.
Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока.
Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибартон, во првата четвртина ја повреди Ахиловата тетива и не можеше да го продолжи натпреварот.
Оклахома ја доби серијата со 4-3 и ја освои титулата во НБА по втор пат во историјата на франшизата.
Тимот претходно ја освои својата прва титула во 1979 година, играјќи под името Сиетл суперсоникс.