ОИ: Ѓоковиќ го победи Циципас во Париз и покрај повредата на коленото
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ во Париз, откако одигра уште еден неверојатен меч, овој пат против Стефанос Циципас.
Српскиот тенисер славеше против Гркот со 2-0 по сетови 6-3 и 7-6.
Ноле мечот го отвори според очекувањата, првиот сет го доби со 6-3, и се чинеше дека лесно ќе ја заврши и оваа задача. Но, Гркот се врати во игра, во вториот сет поведе со 1-5, но следеше неверојатниот кам-бек на Ѓоковиќ, кој иако побара медицински тамј-аут поради повредата на коленото, сепак успеа да изедначи на 5-5, а по 6-6, овој сет беше решен во тај-брејк.
А тука подобар беше Србинот, кој не му дозволи на Циципас да се понадева на израмнување.
За противник во полуфиналето ќе го има Италијанецот Лоренцо Мусети, додека пак Алкараз ќе игра против Канаѓанецот Феликс Ожие-Алиасим.