Од 5 јуни во оптек ќе се фунтите со ликот на кралот Чарлс Трети

Банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети ќе се појават на 5 јуни, соопшти денеска Банката на Англија.

Портретот на Чарлс III ќе биде прикажан на банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти. Истовремено банкнотите со ликот на покојната кралица Елизабета Втора ќе останат во оптек.

Ќе се печатат нови банкноти за замена на искористените банкноти и во случај на потреба да се зголеми нивниот број во оптек.

Таквиот пристап е во согласност со ставовите на кралското семејство, за да се намалат еколошките и финансиските влијанија од промената, соопшти Банката на Англија.