Од 1. јануари јавниот превоз ќе биде бесплатен, не во Скопје, туку во Белград

„Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година.

„Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Така, веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни, годишни или попусти“, објави Шапиќ на прес-конференција.

Тој рече дека со оваа социјална мерка Градот Белград станува лидер во јавниот превоз и дека ќе биде единствениот град во Европа со повеќе од половина милион жители каде што јавниот превоз е бесплатен.

Вакво нешто беше ветувано и од страна на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, но не само што не се реализираше, туку настана и целосен крах на јавниот превоз, поради недостаток на гориво.