Денеска УО на ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје донел одлука за намалување на цената за паркирање во главниот град од 1. март 2022 година.
Со оваа одлука, како што соопштија од Град Скопје, се предвидува намалување на цените на услугите на ЈП „Градски паркинг“ и тоа во зони:
-Зона А0 од 100 на 75 денари за еден час,
-Зона А од 50 на 40 денари
-Зона Б од 40 на 30 денари
-Зони Ц и Д, од 30 на 25 денари за еден час.