Од утре се најавени блокади низ целата држава, како знак на протест против францускиот предлог. Оваа информација вечерва ја соопшти поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, кој се обрати пред присутните на протестот „Ултиматум – НЕ, благодарам“.
„Од име на организаторите на овој протест ве информирам дека утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе траат од 13 до 14 часот. Утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на македонската држава“ – рече Боцевски.
Деталите за точните локации низ цела Македонија ќе бидат соопштени подоцна.