
Уште едно лице загина по експлозиите на бензинска пумпа во романскиот град Креведија, откако претходно беше потврдена смртта на едно лице.
– Сега колегите од болницата во Букурешт потврдија уште една смрт. Првата смрт била маж кој не починал од изгореници, туку од срцев удар. Сега зборуваме за првиот смртен случај од изгореници. Таа е сопруга на човекот кој почина вчера – изјави за новинарите Раед Арафат, шеф на Одделот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Романија, пренесува РИА Новости.
Потсетуваме, синоќа се случија четири експлозии на бензинска пумпа северно од Букурешт, при што беа повредени повеќе од 55 лица.
Во експлозиите изгореа осум куќи, а 11 беа оштетени.
Спасувачите евакуираа повеќе од 3.000 луѓе во радиус од 700 метри.
Формирана е антикризна единица, а донесени се и стручни лица од Министерството за животна средина за следење на квалитетот на воздухот.