Од срцев удар почина познат пејач, син на екс пратеничка од СДСМ

Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.

Познатиот поп пејач Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар.

Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985 година во Тетово, тој пораснал во семејство со музичка традиција, која силно влијаела врз неговото уметничко оформување.

Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и многу брзо се претвори во идол на младите. Шпат беше важна фигура на албанската поп-музика, задржувајќи ја популарноста со својот препознатлив стил.

Зад себе остави сопруга и едно дете.

Инаку, Касапи имаше искуство и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада – Артан Груби.

Касапи е син на екс пратеничката од СДСМ, Ѓилумсер Касапи.