
Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување ја известува јавноста дека од понеделник, 5 февруари, стапува во штрајк.
Ќе ги извршуваат само нужните и неопходните работи, се вели во соопштението.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување; регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; лекување во странство за итни случаи, а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи“ – се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.
Истовремено, како што велат, сакаат да се заблагодарат на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги подржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите.