Од партијата на Палчо бараат да му се обезбеди фер услови за правично и јавно судење

Партијата Десна денеска преку својот Фејсбук профил упати јавен апел до сите адвокати, до органите на прогонот и правосудните органи, да обезбедат фер услови за правично и јавно судење на „осомничениот Љупчо Палевски – Палчо“.

Од таму велат дека повод за објавата се вчерашните случувања, поврзани со барањето на Палевски, од истражниот затвор во Шутка-Скопје, на адреса на Кривичниот суд во Скопје каде истиот побара законски застапник-адвокати со име и презиме.

„Барањето, пред да стаса, до Кривичниот суд, беше компромитирано, од разни `новинари и медиуми` во Македонија. Истите, веднаш тргнаа во напад и линч врз посочените адвокати, никој да не го брани `монструмот Палчо`. За ваша информација, сите адвокати во Македонија, имаат лиценца за работа и имаат положено заклетва во Адвокатската комора на Македонија, исто како што и секој лекар со својата Хипократова заклетва треба да ги лекува сите пациенти, без притоа да врши дискриминација по било која основа“ – додаваат од партијата.