
Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание, се правдаат од МОН откако доцнеа дури 34 отсто од учебниците за учениците.
Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и извршувани активностите од наша надлежност за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма, велат од Министерството за образование и наука, откако Комсијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека не е испочитувана законската обврска да се обезбедат учебници по сите наставни предмети на сите јазици на кои се изучува наставата во основното образование пред почетокот на новата учебна година.
Од Министерството појаснуваат дека тие немаат законски механизми со кои можат да влијаат на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет.
Секој неуспешен повик повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници. – додаваат од Министерството.
Тие информираа дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од и очекуваат поддршка од сите засегнати чинители.