Од МОН нема да одат на одмор: Учебници ќе има, дури и за странски јазици

Јаневска рече дека деновиве до неа стигнале фотографии од распарталени книги, па потсети дека училиштата треба да достават бројка на такви книги и колку им се потребни за секое дете да добие пристојни книги за учење.

Учебници за сите ученици во основно и средно образование ќе има на 1 септември, уверува министерката за образование Весна Јаневска. Таа најави дека поради промена на наставните програми комплет нови учебници ќе има за седмо одделение во основното образование, како и нови учебници за прва година за средно гимназиско образование.

Јаневска рече дека деновиве до неа стигнале фотографии од распарталени книги, па потсети дека училиштата треба да достават бројка на такви книги и колку им се потребни за секое дете да добие пристојни книги за учење.

– Секое училиште, според Закон, треба да формира комисија, која ќе ги провери учебниците, кои учениците од претходната година ги враќаат, а треба да продолжат за следната година, односно да бидат дадени на некој друг ученик – рече Јаневска на прес-конференција.

Оштетените учебници, Комисијата заедно со директорот на училиштето треба да ги издвои на страна и треба да побара од МОН, до педагошката служба, да бидат обновени. Тоа електронски се прави, а МОН ќе знае колку учебници треба достави.

– Овојпат јавно се обраќам до сите дека МОН и педагошката служба имаат издвоени средства за сите оштетени учебници да бидат заменети за учениците да не бидат демотивирани, да им фалат страници – рече Јаневска.

Лани биле пријавени 6.000 оштетени учебници, а досега се пријавени 18.000 оштетени учебници.

Оваа година на 1 септември ќе има учебници. и за странски јазици од 1 до 9 одделение. За седмо одделение направивме нова програма, ги издвоивме предметите и ќе има полн тираж за седмо одделение нови учебници по нова програма. Нови учебници ќе има и за прва година средно, гимназиско образование.

Во текот на летото МОН ќе работи опсежно и обилно и нема да користи годишни одмор, треба да се заврши печатење откуп на учебници, уписи во средно, квотите во факултетите. На овој начин МОН се става на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование, доколку има потреба да излезе министерството во пресрет.