Од Мепсо тврдат дека се цел на хакерски напади
„Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од сајбер напади од највисок степен, сепак, деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој сајбер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електроенергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени“, соопштуваат од МЕПСО.
Инаку веќе втор ден сајтот и серверите на државната компанија МЕПСО не работат, откако во понеделникот биле цел на хакерски напад кој успеал да ја пробие заштитата на ИТ секторот во компанијата.
Од компанијата уверуваат дека не е загрозена мрежата и снабдувањето со струја.