Од март Усје треба да ја обнови А интегрираната дозвола

Најдоцна до 12.03.2026 цементарница „ТИТАН Усје“ треба да достави барање за обновување на А-Интегрираната дозвола. Постапката ќе опфати одредби од Законот за животна средина кои се однесуваат на издавање А-Интегрирана еколошка дозвола, учество на јавноста, услови, имплементирање на најдобри достапни техники. Новиот Закон за индустриски емисии бр.193/2025 од 18.09.2025 има рок за примена од 26.09.2027, но може да ни даде насоки за имплементација за заклучоците за цементна индустрија, соопшти денеска на прес конференција директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски.

Најдоцна до 12.03.2026 цементарница „ТИТАН Усје“ треба да достави барање за обновување на А-Интегрираната дозвола. Постапката ќе опфати одредби од Законот за животна средина кои се однесуваат на издавање А-Интегрирана еколошка дозвола, учество на јавноста, услови, имплементирање на најдобри достапни техники. Новиот Закон за индустриски емисии бр.193/2025 од 18.09.2025 има рок за примена од 26.09.2027, но може да ни даде насоки за имплементација за заклучоците за цементна индустрија, соопшти денеска на прес конференција директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски.

Тој објасни дека на крајот од 2018 година, „Усје“ започнало со користење алтернативни горива како замена за фосилни горива, со стапка на замена до 15%.

– Алтернативните горива што се користат се горива од цврст отпад (RDF) и биомаса од земјоделски отпад (оризова лушпа), и одреден отпад од текстилна индустрија. Согласно Годишниот извештај за животна средина во 2024 година не се увезувани алтернативни горива за копроцесирање поради забраната за увоз на отпад за енергетски цели, наведено во Законот за отпад. Како алтернативни горива кои биле користени во 2024 година се посочени биомаса од земјоделски отпад (лушпа од ориз и лушпи од кафе), селектиран отпад од текстилна индустрија, отпад од пакување што не може да се рециклира, како и отпадна пластика што не може повторно да се користи и рециклира – објасни Никоски.
Тој нагласи дека употребата на алтернативните горива освен што е една од препораките за најдобри достапни практики во цементната индустрија, таа е во склоп на концептот на циркуларна економија.

– Придобивки од користењето на алтернативните горива и предности за животната средина се: намалување на употребата на необновливи (фосилни) горива и суровини, намалување на стакленичките гасови и обновување на енергијата наместо отстранување (хиерархија на отпадот) – рече Никоски.

Емисиите во воздух од цементарница „Усје“ кои се емитираат претставуваат отпадни гасови од согорување и прашина. Согласно А-Интегрираната еколошка дозвола на Цементарница „Усје“ АД Скопје бр.11-714/5 од 12.03.2020 година има 12 емисиони точки во воздух (2 емисиони точки од парен котел, 2 емисиони точки од ротациони печки, 2 од ладилник на клинкер, 4 од мелници за клинкер и 2 од мелници за гориво).

– Отпадните гасови поминуваат низ филтер со вреќи па потоа се испуштаат во атмосферата. Цементарница „Усје“, согласно дозволата има 24-часовен континуиран мониторинг, 7 дена во неделата. Податоците, како што кажа и директорката на инспекторатот се обработуваат софтверски – објасни Никоски.

Мерењата на концентрации на цврсти честички во воздухот со големина до 10 микрометри (ПМ10) се вршат два пати годишно од надворешна акредитирана лабараторија.

– Согласно утврдени ризици при планирањето на пример во моментов со актуелната состојба со правен субјект ТИТАН Цементарница УСЈЕ ве известувам, дека во текот на 2025 година се извршени 6 надзори кај овој правен субјект од кои 2 редовни и 4 вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори (последните вонредни беа реализирани во текот на ноември со инспектор за животна средина од Градот Скопје 18.11.2025 во 22:00 дo 00:30 и во декември на 18.12.2025 со инспектор за животна средина од Општината Кисела Вода), при што кај сите надзори не се утврдени неправилности во работењето кај овој правен субјект. Секој месец Цементарница Усје до инспекторатот доставува месечен извештај за емисии во воздухот од сите емисиони точки, исто така доставува двапати годишно извештај од мерења кои ги извршува акредитирана лабораторија, зашто така се задолжени согласно дозволата – рече директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска денеска на истата прес конференција.

Цементарница „Усје“ АД Скопје претставува инсталација за производство на цементен клинкер во ротациони печки со производен капацитет над 500 тони на ден. Инсталацијата има доставено барање за А-Дозвола за усогласување со оперативен план на 27.06.2007 бр.11-3950/1 и по спроведување на постапката на 07.03.2011 е издадена А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-2402/1.

На 22.05.2013 год. издадена е Измена на А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр. 11-1227/3 во која дозвола е одобрено користење на алтернативни горива.

Пред почетокот на користењето на алтернативни горива, „Усје“ подготвило детална студија за оцена на влијанието врз животната средина и добило решение за издавање согласност на Студија за оценка на влијание врз животната средина за проект „Воведување на алтернативни горива во Цементарница Усје“ (бр.11-1782/5 од 13.06.2012 год.).

По спроведување на целосната постапка на 12.03.2020 издадена е А-Интегрирана еколошка дозвола 11-714/5.

А-интегрираната еколошка дозвола има важност од 7 години. Најдоцна една година пред истекот на важноста, операторот е должен да поднесе барање за обновување на дозволата.