Од КАРИЛ ги демантираат ВМРО-ДПМНЕ: Поплава на клиниката немаше

Интегрално го пренесуваме соопштението од КАРИЛ:

„Во интерес на правилно информирање на јавноста во однос на случувањата на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје, сакаме да ги демантираме информациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на состојбата на оваа клиника.

– Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба. За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инсталации (кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори).

Секоја од овие инстаналции е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација.

Значи да појасниме уште еднаш, поплава на клиниката немало, туку само делумен дефект во делот на инсталациите поради кој од предистрожност е намален бројот на кревети. Дефектот е во фаза на санација.

– Исто така, пациентите кои беа на КАРИЛ не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.

Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клиничките болници ГОБ 8 Септември, Штип, Тетово и Битола кои се клинички болници и поседуваат одделенија за интензивна нега опремени со истата апаратура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ.

Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот. Во соопштението е појаснето дека за секој случај за кој колегите сметаат дека им треба дополнително мислење, да ги контактираат колегите од КАРИЛ

– На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ. Тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави“.