Од денес започнува кампањата за трката за претседател на државата

Кампањата за претседателските избори започна. Седум кандидати се натпреваруваат за позицијата на вила „Водно“.

Кампањата ќе трае до 22-ри април до полноќ, додека првиот круг од гласањето ќе се одржи на 24-ти април, кој е и официјален неработен ден.

За парламентарните избори, има 17 коалиции и партии и една независна листа, кои треба да ги потврди Државната изборна комисија.

СДСМ и нивната коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, ЗНАМ предводена од Максим Димитриевски, ГРОМ на Стевчо Јакимовски, коалицијата на ДУИ, албанската опозиција „Вреди“ и Левица имаат листи во сите шест изборни единици.

Другите помали партии на овие избори одат таргетирано односно имаат листи само во оние изборни единици каде што мислат дека ќе остварат добар изборен резултат.

Местата до реден број 7 на гласачкото ливче за 8-ми мај веќе се резервирани за партиите кои поддржуваат претседателски кандидат.

За останатите, ДИК треба до 13-ти април да направи жрепка.