Од денеска ќе се вози по експресниот пат Куманово – Крива Паланка

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри, денеска ќе биде пуштен во употреба.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Како што посочуваат од Владата, експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства, и Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок.  Инвестициона вредност на изградба е  50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“ но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија.