
Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само девет месеци мандат од оваа Влада, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
-Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, се вели во денешното соопштение од Министерство за социјална политика, демографија и млади.