Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.