Од денеска Бугарија го отфрла „зелениот сертификат“

Таканаречениот „зелен сертификат“ од денеска е отфрлен за сите активности и настани во Бугарија, а кој досега беше ограничен.

Од денеска наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи.

Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите.

И покрај укинувњето на „зелениот сертификат“, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.