Од „Гаспром“ велат: Испораките на руски гас во Европа продолжуваат нормално
„Русија продолжува со испораката на гас за Европа преку Украина на нормално ниво“ соопштуваат од државниот енергетски гигант „Гаспром“.
„Гаспром го врши снабдувањето со руски гас за транзит низ територијата на Украина во редовен обем и според барањата на европските потрошувачи“ – изјави денеска портпаролот на „Гаспром“ – Сергеј Купријанов
Според информациите, денеска треба да протечат околу 109,5 милиони кубни метри гас.
Од руската инвазија на Украина, западните земји воведоа строги санкции кон Русија, при што многумина стравуваат дека Москва може да ја прекине испораката на гас како одмазда.
За време на борбите во Украина, според извештаите, се чини дека биле оштетени гасоводи во шест области.