Од Бундестагот ѝ поставија рок на Србија до кога да ѝ воведе санкции на Русија

Пратеникот на СПД во германскиот Бундестаг и претседател на Комитетот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ, во емисијата N1 Studio Live изјави дека Србија треба да одлучи дали ќе им се придружи на земјите од Европската унија во воведувањето санкции кон Русија.

„Нема рок. На 1 декември треба да стапи на сила третиот пакет санкции и до тој датум Србија треба да најде решение како да ги спроведе овие санкции и на кој начин. На Србија мора да и се помогне на тој пат, но Србија мора јасно да го каже тоа – дали сака да се приклучи на санкциите или не“, рече Јуратовиќ, според Нова.рс.

Тој ја поздравува одлуката на Србија да ја осуди руската агресија врз Украина, но забележува дека тоа не е доволно.

„Сите демократски земји застанаа во солидарност со Украина на таков начин што ќе се обидат да ја запрат војната и да го вратат суверенитетот на Украина. Има одредени пакети санкции, а се очекува Србија да се солидаризира со Европската Унија. Би биле среќни Србија да се приклучи на пакетот санкции што беше навестен за 1 декември“, вели Јуратовиќ.

Во случај Србија да не го направи ова, Јуратовиќ вели дека тогаш ќе биде „релативно проблематично“, а „патот кон ЕУ ќе биде тежок“.

„Тогаш постои недостиг на доверба. Не можеме да се солидаризираме околу воспоставувањето на одбраната на демократскиот свет. А Србија која е на демократскиот пат се кочи“, додава пратеникот во Бундестагот.

Во меѓувреме, Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека европските претставници ја повикуваат Србија да биде „на вистинската страна на историјата“, што, како што вели, нема врска со аргументите. Тој додаде дека „ќе бидеме во голема неволја“ доколку не земјата не воведе санкции кон Русија.

„Ако мислите дека би било доволно Србија да каже дека утре ќе воведе санкции кон Русија. Не, пет дена, шест дена ќе не тапкаа по рамо. Денеска им служи да нѐ удираат како стап и чекан по сите форуми бидејќи не можат да направат поголема и појака, туку мала Србија. Така ќе ни направат сѐ што ја обвинуваат Русија дека им прави на другите. Не би било доволно, верувајте ми. На крајот на краиштата, верувајте, тие би рекле: ‘Или си за иднината или сакаш да бидеш на вистинската страна на историјата’… А таа вистинска страна на историјата нема врска со аргументите, туку дека си на нивна страна. Ако не си на нивна страна, тогаш не си на вистинската страна на историјата“, рече Вучиќ, а потоа размислуваше што значи „вистинската страна на историјата“ од гледна точка на Западот.

„Таа ‘вистинска страна на историјата’ ви вели да се откажете од Косово и Метохија, бидејќи само така ќе добиете мал подарок, иако нема да ви кажеме точно каков ќе биде тој мал подарок, но сепак ќе биде мал. Ако ви текне да одбиете самопрекинување, тогаш сте во неволја. Денеска никој не ми се заканува како Александар Вучиќ поради функцијата претседател на Србија, тие отворено ѝ се закануваат и ја загрозуваат целата наша држава и нејзиниот опстанок!“, додаде тој.