На скопскиот аеродром утринава се очекува со два воени авиони од Бугарија да пристигнат посмртните останки на 45-те македонски граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ што се случи на 23. ноември на автопатот „Струма“ кај бугарскиот град Перник.
Најавите од МНР се дека по пристигнувањето, ќе се организира поворка која ќе се движи по однапред утврдена патека, до и низ главниот град.
Од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.
Од плоштадот ќе може да се проследи колоната со возилата која ќе се движи по булевар „Гоце Делчев“, кон крајните дестинации на загинатите.