Од болницата „Плодност“ се простуваат со своите загинати колеги
Во Фејсбук објава од болницата „Плодност“ по тешката сообраќајка која утринава се случи пред Прилеп, а во која животот го загубија тројца вработени во болницата, вработените се простуваат со своите загинати колеги.
„Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.
Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.
Менаџерскиот тим и целиот персонал на болница „Плодност“ со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги.