Од Беса им понудила соработка на Алијанса во Тетово, но тие одбиле

„Иако беше апсолутен фаворит за постигнување победа во Тетово, пред почетокот на изборниот процес Движењето Беса ѝ поддаде рака на Алијансата за Албанците за опозициска соработка, нудејќи и заедничко владеење во Тетово, но и коалицирање за идните парламентарни избори како албанска опозиција. Алијансата за Албанците ова не го прифати. Ова првпат го кажувам јавно“.

Ова во колумна за весникот „Лајм“ го пишува генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа.

Тој уште наведува: „Уште во моите истапувања во текот на предизборната кампања јас спомнав дека победата во Тетово ќе биде палење на пламенот, кој ќе ја донесе политичката ротација за Албанците во Македонија. Посакувам овие локални избори во Тетово да им послужат за размислување на оние кои изгубија. Сега е во нашите раце ние да ги направиме промените. Во едно нешто сме сигурни: со или без соработка, никој нема да може да го запре воздигнувањето на Движењето Беса на заслуженото место, на местото на претставувањето на Албанците во сите институции на државата“.