![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/screenshot_20230515-164945_chrome.jpg)
Одржан координативен состанок за Предлог законот за донирање вишоци храна
Во Дојран денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.
![Николче Бабовски](https://mia.mk/articles/images/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%85%D1%80Gw1kj/08YVOoU2u/small.webp?use_watermark=0)
Како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, за време на средбата се постигнал консензус за надлежностите, системот и платформата за управување со вишокот на храна и негова донација до граѓаните на кои таа им е најпотребна.
![КОординативен состанок ДОјран](https://mia.mk/articles/images/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%85%D1%80R8wlL/NQjtGUxlS/small.webp?use_watermark=0)
– Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.