„Одмазда, а не правда“: ДУИ за последните апсења околу Кочани

Откако денеска утринава беа уапсени повеќе поранешни функционери на ДУИ, меѓу кои и двајца министри за економија за навадна поврзаност со трагедијата во Кочани, партијата реагираше велејќи дека се работи за „еднострана и неправедна агресија“ од страна на институциите на државата, насочена кон Албанците.

Во соопштението на партијата се вели дека премиерот, министерот за внатрешни работи и државниот обвинител „селективно ја насочиле истрагата против Албанците кои биле дел од институциите на системот, во каква било форма и во кое било време“.

ДУИ вели дека станува збор за „одмазда, а не правда“, и дека институциите се целосно „заробени од политички и етноцентрични интереси“. Според партијата, оваа постапка „не таргетира само поединци, туку целиот албански народ, без разлика дали се работи за ДУИ, други албански политички партии или поединци во институциите“.