
Последната одлуката на САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивните мерки во македонското Собрание. Законот е доставен до Собранието од страна на Владата. СДСМ го повика пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика веднаш да го стави на дневен ред, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен, реагираат од владејачката СДСМ на денешното ново проширување на црната листа на САД за земјава.
„Треба веднаш да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство. Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања“, порачаа од Бихаќка.
Оттаму додаваат дека секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи „позасилена борба против високата корупција“ и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.