Одложено судењето на родителот кој нападна две деца на фудбалски натпревар, побара судот да му обезбеди превод на албански јазик

Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август.

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна и повреди двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но рочиштето се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември.

Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август.

Инцидентот се случил во 89. минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок му доделил втор жолт картон и го исклучил од игра синот на осомничениот, кој е играч на Шкупи. Незадоволен од одлуката тој почнал да се однесува неспортски и со тупаници и удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница. Потоа на терен влегол неговиот татко и со тупаници и клоци почнал да удира две деца, фудбалери на Брегалница, нанесувајќи им телесни повреди, како набиеници и скршеница на нос.