
Одложено судењето за таткото на Васил Јованов поради отсуство на обвинителот
Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место.
Судењето против Зоран Јованов, обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, денеска беше одложено во Основниот кривичен суд во Скопје поради отсуство на обвинителот Александар Марковски. Според информациите, Марковски најавил присуство на Варшавската конвенција, поради што не присуствуваше на рочиштето.
Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако Обвинителството врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.
Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место.
Обвинителството тврди дека преку родителска попустливост, таткото придонел за создавање на опасната состојба.
Адвокатот Сашко Дуковски го оцени обвинението како правно неосновано и најави барање за детално образложение за секој поднесен доказ, нарекувајќи го случајот „правен преседан незабележан во македонската правна историја“.