Одземена е патната исправа на Жан Митрев

Доктор Жан Митрев денеска беше повикан на распит во скопското Јавно обвинителство. Обвинителството го повика сопственикот на приватната клиника по добиени информации дека е можно да ја напушти државата.

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот. Судот е согласен со наводите на обвинителството дека постои опасност Митрев да избега.

Одлуката на судот следи откако обвинителството денеска отвори истрага и го повика на распит Митрев, по објавата на ИРЛ за начините како болницата ги третирала болните од Ковид – 19.

Затоа, како гаранција да спречи негово бегство, Обвинителството побара Кривичниот суд Скопје да му ги одземе патните исправи.

Основното јавно обвинителството – Скопје по допрен глас оформи предмет на 18 јули, откако ИРЛ објави истражување за работењето  на клиничката болница „Жан Митрев“ и на доктор Жан Митрев во периодот од 2020 до 2022 година.

Обвинителството соопшти дека ќе ги проверува наодите на семејствата на жртвите, кои сведочеа за пропустите со кои се соочиле при лекувањето во приватната болница „Жан Митрев“. Според информациите, станува збор за 560 пациенти чии здравствени досиеја ги разгледува специјална комисија на Министерството за здравство, по што наодите ќе бидат доставени до надлежните институции.

Ако Oбвинителството докаже дека ги измамил пациените во неговта клиниката, лечејќи ги од ковид 19, со системот на хемофилтрација. Кај обвинителот Гаврил Бубевски, кој го води овој случај, познатиот кардиохирург се појави по претходна покана за распит, осомничен за кривичното дело измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.