Оддадена последна почит на поранешниот албански премиер Фатос Нано

- Колку би сакал денеска да седнеме на една од нашите ретки вечери во последните години и до доцна да разговараме за разни настани и ликови, па дури и за сè што беше кажано за тебе откако беше објавена веста дека си заминал засекогаш. Но, колку луѓе те сакаа, човеку. Дури и оние кои не оставија место на твојот грб без да ти стават некаква тежина. Отиде кај оние кои отидоа во затвор обвинувајќите дека си крадец и кои сакаа да те убијат во канцеларијата и кои ти ја кажаа целата црнила на албанскиот јазик во лице. Еве доаѓа овој ден на жалост за мене и имам тешка задача да се збогувам со еден предок, првиот претседател на нашето семејство, рече меѓу другото Рама.

Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана.

Голем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од Косово, предводена од Албин Курти, почит му оддадоа во Конгресната палата каде беа и првата сопруга Реџина Нано и нивните две деца.

Во име на фамилијата Нано, од него со прости сопругата Џоана Нано.

„Ова е најмрачниот ден во мојот живот. Се разделив од човекот со кого живеев четврт век. Имав среќа да откријам вредности и квалитети кај Фатос. Некои од неговите квалитети, со длабока благодарност, верувам дека сите ги знаат. Во момент како овој, вреди да се сумираат. Фатос ја сакаше оваа земја, и покрај високата лична цена што ја плати. Имаше големо срце“, рече меѓу другото таа.

За големата почит се заблагодари синот Сокол Нано.

„Ти благодарам, шампионе. Фатос Нано не се плашеше од пораз, тој беше витез, рече во трогателниот говор синот Сокол.

Премиерот Еди Рама, кој застана на лидерската функција на СП, во 2005 година, кога Нано кој 15 години беше на чело на партијата се повлече, одржа говор во спомен на политичката фигура Нано.

– Колку би сакал денеска да седнеме на една од нашите ретки вечери во последните години и до доцна да разговараме за разни настани и ликови, па дури и за сè што беше кажано за тебе откако беше објавена веста дека си заминал засекогаш. Но, колку луѓе те сакаа, човеку. Дури и оние кои не оставија место на твојот грб без да ти стават некоква тежина. Отиде кај оние кои отидоа во затвор обвинувајќи те дека си крадец и кои сакаа да те убијат во канцеларијата и кои ти ја кажаа целата црнила на албанскиот јазик во лице. Еве доаѓа овој ден на жалост за мене и имам тешка задача да се збогувам со еден предок, првиот претседател на нашето семејство, рече меѓу другото Рама.

По почестите, погребната поворка со ковчегот помина пред владиниот објект, голем број граѓани ставаа бели каранфили на конфчегот, а поворката беше придружувана со звуците на хитови на Френк Синатра.

Фатос Нано(73) почина на 31 октомври, во приватна болница во главниот град, каде беше хоспитализиран во сериозна состојба од 8 октомври поради хронични респираторни проблеми. Доживеа срцев удар, а потоа и клиничка мозочна смрт. Неговата здравствена состојба се влошуваше со денови и не се подобри. На 16 септември, Нано, го прослави својот 73-ти роденден.

Тој е основач и прв лидер на Социјалистичката партија на Албанија. На чело на партијата беше од 1991 до 2005 година, кога целосно се повлече од политиката. Премиер беше во три наврати од 24 февруари до јуни 1991, од 24 јули 1997 до 2 октомври 1998 и од 31 јули 2002 до 11 септември 2005 година.

Денеска во Албанија е ден на национална жалост а во 12 часот низ целата земја му беше оддадена почит со едноминутно молчење.