Одбиени барањата на Јанева и Јовановски за случајот „Рекет”

Барањата на екс шефицата на СЈО Катица Јанева и Бојан Јовановски за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет” денес се одбиени од страна на Врховниот суд.

– Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, соопштија од Врховниот суд

За потсетување, лани во јули Апелација ги потврди пресудите на Јанева и Јовановски за случајот „Рекет“ со кои Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.