Одбележување на 21- годишнината од Охридскиот договор

21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор беше заокружена со „Мировен фестивал“ на плоштадот “Скендербег” во Скопје.

Пред прославата синоќа во Скопје, во Тетово се отворив камен-темелникот на супер инвестицијата од 130 милиони евра која ќе отвори 900 нови работни места од компанијата “e.Go Mobile”, исполнувајќи го ветувањето дадено пред една година за развој, инфраструктурни проекти, инвестиции , нови работни места, подобар стандард и квалитет на живот.

Во контекст на одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв пат оваа година ја организираше Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ преку која младите учесници имаа можност за стекнување на нови знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата.