Делегации од Град Скопје, од Собранието, Кабинетот на претседателката, градоначалници и претставници на политички партии, амбасади, здруженија и граѓани положија цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот кои „со љубовта за својот град, желбата за слобода на својот народ, истрајноста и упорноста во борбата за слобода борците од НОБ 13 ноември 1944 година од тмурен и дождлив ден го претворија во еден од најсветлите и најтоплите датуми во историјата за Градот Скопје“.