Поради руско гранатирање предизвикан е огромен пожар во хемиска фабрика во украинскиот град Северодоњецк, пренесува „Би-би-си“.
Пожарот во фабриката „Азот“ започнал вчера по истекување на неколку тони нафта од оштетените радијатори.
Фабриката која е изградена во 1951 година до пред војната претставуваше третиот најголем производител на амонијак во Украина.
Според информациите, во оваа фабрика се засолнети стотици цивили. Украинските власти проценуваат дека околу 800 цивили се кријат во подземните засолништа во „Азот“.
Северодоњецк стана фокусна точка на напорите на Русија да напредува во источна Украина.
Борбите траат повеќе од три месеци.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека руските војници претрпеле „многу значајни“ жртви во Донбас и дека украинските сили повторно зазеле села и градови во југоисточните региони Керсон и Запорожје.
Украина бара повеќе оружје од своите сојузници, предупредувајќи дека Русија има најмалку 10 пати повеќе оружје.