На новиот потпорен ѕид долг 120 метри на патот кој води од Тетово кон излетничкото место Бањиче на реката Пена насликан е голем мурал. Муралот е финансиран од УНДП и Швајцарската амбасада, како дел од активностите на организацијата за одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13 октомври.
За уметниците инспирација за приказната претставена на муралот беа цртежите на ученици од повеќе основни училишта во Тетово.
Потпорниот ѕид е изграден за стабилизација на свлечиште во близина на ХЕЦ Пена.
Муралот е дел од активностите со кои УНДП го одбележува меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи.