Ограбени три обложувалници во Скопје

Доцна синоќа и рано утрово во Скопје биле ограбени три обложувалници информира Министерството за внатрешни работи. Нешто пред 22 часот едно лице го одзело дневниот промет од обложувалница во населбата Ченто. Еден час подоцна истото се случило и во обложувалница на улицата „Франц Прешерн“. Два часа по полноќ, во населбата Ѓорче Петров исто така едно лице со закана кон вработените ги одзело парите од дневниот промет.

МВР информира дека работи на расчистување на сите три случаи.