Ограбена златарницата „Булгари“ во Париз, одземен е накит вреден неколку милиони евра

Луксузната златарница „Булгари“ во Париз денеска е ограбена, соопштија полициски извори, додавајќи дека крадците однеле накит вреден неколку милиони евра.

Грабежот се случил на познатото место Вандом во Париз, каде се наоѓаат луксузни златарници.

Полицијата соопшти дека околу 13 часот и 45 минути во златарницата се појавиле три лица на два мотоцикли. Две лица носеле пушки со кои пукале во чуварот.

Се проценува дека крадците кои се во бегство однеле накит вреден неколку милиони евра, соопшти обвинителството кое ја отвори истрагата.

На снимката од очевидци објавени на социјалните мрежи се гледаат два црни мотоцикли паркирани на тротоарот пред златарницата.

Таа златарница веќе беше цел на вооружен грабеж во септември 2021 година. Притоа одземен е накит вреден околу 10 милиони евра.