Ограбена банка во ТЦ „Скопјанка“

Претпладнево дошло до грабеж во експозитура на банка во трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром.

„Денеска во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари“, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.