„Огнената група“ која бара разрешување на Груби се зголемува

Независниот пратеник Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ. Синоќа на Фејсбук се појави фотографија на која се Меџити, Реџепи и Блерим Беџити. Под фотографијата тројцата заедно напишаа:

„Дали приклучувањето на Реџепи е најава дека „огнените“ целат на формирање на пратеничка група засега нема потврда“.

Кастриот Реџепи на јавноста и стана познат откако лани ги помати сметките на опозицијата да го преземе мнозинството во Собранието и да ја урне Владата.

Реџепи беше исклучен од партијата БЕСА и промовираше проект во Собранието – „Европа 21“ со цел обединување на прогресивните политички сили за задржување на европската перспектива на земјата.

Меџити кој е актуелен пратеник на ДУИ и Беџети кој е актуелен градоначалник на Сарај се потписници на писмото со кое бараат смена на Артан Груби и промени во партијата.