Ова се мажите од Босна кои се поврзани со исчезнувањето на малата Данка: Тврдат дека знаат каде е, барале 25.000 евра

Федералната полициска управа (ФУП) вечерва спроведе молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќ поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија.

Интерпол во Белград побара апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде е исчезнато девојчето и бараа 50.000 КМ (околу 25.000 евра) за откривање на информации.

Откако белградските агенции ја препознале информацијата за девојчето, по кое се трага трае веќе три дена, побарале реакција. Поради тоа, членовите на ФУП извршиле брза операција при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцирале осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите се уапсени, а околината е претресена, при што било утврдено дека девојчето не е со нив, пишува Кликс.

Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

Данка Илиќ (2) исчезна пред три дена, во вторникот попладне, додека била со мајка си и братот. Нејзината мајка вели дека се свртела само за да му донесе вода на синот и дека кога се вратила ја немало.

Полицијата веднаш пребарала десет километри околу местото на исчезнувањето, но не успеала да ја пронајде. Родителите биле испрашувани два дена, а таткото ќе прави и полиграф со оглед на тоа дека мајката е бремена и не може да го направи тој тест.

Пожарникарите вечерва се вратиле на местото на нејзиното исчезнување, чистејќи го теренот и куќата пред која наводно си играло девојчето во моментот на нејзиното исчезнување.