Ова не се гледа секој ден – шпанскиот судија ги тешеше Украинците!
Иако фудбалската репрезентација на Украина вчера не успеа да ја помине последната пречка и да обезбеди пласман на фудбалскиот Мундијал во Катар, сепак момците во „жолти дресови“ ги освоија симпатиите на светската фудбалска јавност.
Велс првпат по 64 години ќе игра на СП откако славеше против Украина со 1-0, а борбените Украинци „гинеа“ на теренот додека во нивната земја се води војна.
Голем дел од фудбалерите со солзи во очите го дочекаа крајот и последниот свиреж на судијата од Шпанија – Матеу Лахоз, а тој пак направи нешто што не се гледа така често на фудбалските терени.
Лахос ги тешеше играчите по средбата.
Посебно ова се однесува на фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко кој важи за многу емотивна личност и во неколку наврати од почетокот на руско-украинската војна не успева пред камерите да ги задржи солзите.