„Ова не го сметам за суспензија на Русковска, туку за суспензија на правото и правдата“

Обвинителката Вилма Русковска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Иако не откри, рече „Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене“.

„Ова не го сметам за суспензија на Русковска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите. Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети“ – рече Русковска.