
Објавен повик за предлагање кандидати за српското Регулаторно тело за електронски медиуми
Повикот е објавен врз основа на Одлуката за започнување постапка за номинирање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ, донесена на 28 април на барање на опозицијата, што беше и услов на студентите да ја прекинат 14-дневната блокада на зградите на Радио и Телевизија на Србија во Белград
Одборот на српскиот Парламент за култура и информации денеска во весникот „Политика“ и на веб-страницата на Парламентот објави јавен повик за номинирање на кандидати за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), кој, како што е најавено, ќе биде објавен и во „Службен весник“ во текот на денот.
Рокот за поднесување предлози за кандидати за членови на Советот на РЕМ ќе трае 15 дена, почнувајќи од денот по објавувањето на Јавниот повик во „Службен весник“.
Повикот е објавен врз основа на Одлуката за започнување постапка за номинирање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ, донесена на 28 април на барање на опозицијата, што беше и услов на студентите да ја прекинат 14-дневната блокада на зградите на Радио и Телевизија на Србија во Белград.