
Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење
Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски превоз, а имаат потреба од нови автобуси.
Огласот за набавка на автобуси за јавен превоз на патници и станици за полнење, објавен е пред два дена, а понудувачите имаат еден месец да се пријават.
Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски превоз, а имаат потреба од нови автобуси.
Министерство за транспорт набавува автобуси за јавен превоз и станици за полнење, во договор што би бил вреден 2.345.338.983 без ДДВ.
Според документацијата објавена на e-nabavki автобусите би требало да пристигна во временска рамка од 60 месеци.
„Економскиот оператор потребно е да обезбеди обука за управување со возило и станиците. Економскиот оператор потребно е да обезбеди обука за безбедност и заштита при работа за предметната набавка. Економскиот оператор потребно е да изврши инсталација на станиците за полнење до нивно користење. Економскиот оператор потребно е да обезбеди компатибилност помеѓу електричните автобуси и станиците за полнење. Економскиот оператор е должен да достави динамичен план за испорака на предметната набавка заедно со понудата“, се вели во условите.
Владата најави дека ќе набави нови автобуси за Град Скопје, со цел да се овозможи попристоен и навремен превоз на патниците, но и да придонесе за почист воздух. Првичната најава беше дека овој оглас ќе се распише до крајот на минатата година, но тоа се случува половина година подоцна.
За да покажат дека не ги делат градовите, премиерот неколкупати најавуваше дека дел од авобусите ќе бидат дадени во градовите од внатрешноста.
Претходно, автобуси беа ветувани во програмата „За модерно Скопје„, кога ВМРО-ДПМЕН ја поддржа за градоначалничка Данела Арсовска. Но, откако се скараа, советниците во Град Скопје, од редовите на сега владејачката ДПМНЕ, не гласаа за предлогот на Арсовска за набавка на нови автобуси, близу 50 пати.