Омразата на Албин Курти кон сè што е српско оди дотаму што јавно објавува нов список за прогон на Србите, на кој се вклучени дури и братот и синот на претседателот Александар Вучиќ, кои немаат никаква врска со демократските, мирни протести на српскиот народ на барикадите на Косово и Метохија, Српска објави денеска список и ја повика меѓународната јавност итно и јавно да го осуди овој прогон на Србите, јавуваат српските медиуми.
„Така пратеникот Албин Курти од Самоопределување, Арменд Муја објави уште еден список за прогон на Србите од Косово и Метохија, кој Курти и неговиот министер Свечља упорно се обидуваат да го сокријат“, се вели во соопштението.
На списокот за прогон на Србите е речиси целото раководство на Српската листа, Срби од Косово и Метохија, но и братот и синот на претседателот Александар Вучиќ, Андреј и Данило.