Објавено видео од пристигнувањето на Мадуро во Њујорк

Авион за кој се верува дека ги превезува Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес слета во близина на базата на националната гарда „Стјуарт Ер“ во Њујорк.

Авион за кој се верува дека ги превезува Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес слета во близина на базата на националната гарда „Стјуарт Ер“ во Њујорк.

„Се очекува Мадуро да биде однесен со хеликоптер во градот од каде што ќе биде транспортиран во притвор“, велат официјални лица во изјава за Ен-би-си њуз која ја пренесува „Гардијан“.

Тие додаваат дека претседателот на Венецуела треба да се појави на суд до понеделник вечер.

Американската телевизија „Фокс њуз“ во живо го пренесуваше слетувањето на авионот и изнесувањето на Мадуро.

Се очекува пред федералниот суд во Менхетен венецуелскиот лидер да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје.

Мадуро и неговата сопруга беа заробени преку ноќ како дел од големата американска воена операција во Каракас.

Министерството за правда на САД денес објави ново обвинение против Мадуро, како и против неговата сопруга и син.