Објавени се хакирани досиеја на граѓани во Албанија, групата „Татковинска правда” порача – „играта штотуку почна“

Групата „Татковинска правда“ од Иран објави хакирани материјали од електронската пошта на премиерот Еди Рама и Министерството за надворешни работи на Албанија, а сега ги открива и телефонските броеви на албански државјани.

На веб-страницата https://homelandjustice.ru/ хакерите објавиле вкупно седум фајла, каде што се претставени името, презимето и бројот на личната карта на секој албански државјанин, заедно со неговиот телефонски број.

„Играта штотуку почна. Сега луѓето ќе сфатат дека нивните корумпирани политичари не направиле ништо за нивната безбедност“ – е пораката што ги придружува објавените досиеја.

Кибернападите што се случија во средината на минатиот месец, три недели ги остави вон функција онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници во Албанија.

Претходно групата, која ја презеде одговорноста, јавно ги објави електронските адреси на најважните албански институции, вклучително и оние на премиерот Еди Рама, како и важни документи.

Експерти од американското ФБИ го истражуваат случајот.