Објавена нова закана кон Штекли: „Раде прв пат се спаси, втор пат… ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“

Додека Штекли и неговиот пријател лежат на интензивна нега, неговите ликвидатори со нови закани преку социјалните мрежи. ТикТок е мрежата каде криминалните групи си ги најавуваат следните убиства. А таква најава пристигна од профил со име Ист Гејт – местото каде се случија две неуспешни ликвидации на Штекли.

„Раде прв пат се спаси. Втор пат … ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“

На сличен начин претходно беа најавени повеќе убиства на луѓе од македонското поднебје, кое беа извршени тука, во Грција и на Косово. Ваква порака претходеше и на последното пукање во Ист Гејт.

МВР и по ова три дена се уште бара кој среде бел ден пукаше на ескалаторот во шопинг молот пред случајни минувачи.

Неофицијално, истражителите се сомневаат дека лицето кое пукаше не делувало самостојно. Со него веројатно имало уште еден. На кој начин го напуштиле затворениот трговски треба да покажат безбедносните камери. Од фотографиите кои претходно беа објавени, напаѓачот ги чекал жртвите да се упатат кон гаражата, а за тоа време седел во обложувалницата близу ескалаторот каде им пукаше од зад грб.

Истрагата ја води обвинителството, а Спасовски рече дека формирале посебен оперативен штаб за овој случај.